Како нашиот мозок реагира на дезинформации

:) Го гледате ли насмеаното лице на почетокот? Тоа се само две точки и затворена заграда. Нашиот мозок има вештина да ги групира работите, наведувајќи нЕ да гледаме насмеани лица дури и кога тие не постојат. Иако ова е забавно, само понекогаш е корисно. Во овој постер се нурнуваме во мистериите на когнитивното оптоварување, ја истражуваме моќта на емоциите и ги откриваме улогите кои ги играат различните мозочни структури при восприемањето на вистината. Дали сте подготвени да ги надмудрите манипулативните тактики и да ги избегнете опасностите од лажни вести?

Автор: Викторија Кравченко