building immunity, trusting facts

за проектот

Кога последен пат сте прочитале некој напис до крај? Колку често сте споделиле врска без да ја отворите/ Колку често сте споделиле линк без да го отворите? Секое невнимателно кликнување го намалува вашиот имунитет против дезинформации.

За да дознаете колку добро навигирате низ светот од информации играјте ги игрите на платформата Фејклес. Создадена е за помладите и за постарите генерации со цел сѐ повеќе луѓе да разберат како функционира дигиталниот простор.

На оваа страница ќе најдете 16 игри поделени во четири блока. Секој блок е една доза вакцина против невистините и обидите да се скрие вистината. Одберете еден од деветте јазици, играјте игри и вакцинирајте се против дезинформации.

На вакцините понекогаш им треба и појака доза затоа што вирусите ( и биолошките и информатичките) напаѓаат со невидена брзина. Затоа, мијте ги рацете и подобрете ја вашата медиумска писменост.